Мода

Колекција BALANCE есен/зима 2017 од Антонија Ристовска

Нова колекција на Антонија Ристовска есен/зима 2017 - BALANCE, инспирирана од внатрешниот порив на жената.

понеделник, 07 ноември 2016

Урбаното и брзо темпо на општествени промени од жената бара успешен BALANCE на сите полиња од животот. Новата колекција е инспирирана од внатрешниот порив на жената која балансира помеу љубовта и омразата, доброто и злото, искучителниот комфор и крајната неудобност, помеѓу задоволството и воздржувањето, слободата и сигурноста, притоа задржувајќи го сопствениот став. Крајната порака е да се најде вистински баланс во реката на животот и неговата бесконечност.

Колекцијата е составена од 15 парчиња изработени од високо квалитетни материјали и тантели наменети за свечени пригоди. Акцент е ставен на 3 бои: бела, пудра розе и темно сина. Како и досегашните колекции, рачната изработка е застапена во сите модели, по што и е препознатлив брендот. Како детал се забележуваат машничките во форма на знакот за бесконечност, везени на мрежичка со кристали.

Во улога на модел за колекцијата е младата виолинистка Ева Богоевска која е новото заштитно лице на брендот Антонија Ристовска. Со Ева ја продолжуваме долгогодишната соработка за нејзини сценски настапи во и надвор од Македонија.

Колекцијата е достапна во ателјето и наскоро на онлајн продавницата shop.antonijaristovska.com .

Модел: Ева Богоевска
Фотографија: Жарко Чулиќ
Шминка и фризура: Фросина Фран Ангеловска
Локација: Four, Хотел Парк

 

Содржината е прочитана 538 пати.