Култура

Премиера на краткометражниот филм „Благословена“

Во Кино Култура вечер премиерно ќе биде прикажан краткометражниот филм „Благословена” на режисерката Милиана Ленак.

петок, 04 ноември 2016

Во Кино Култура вечер премиерно ќе биде прикажан краткометражниот филм „Благословена” на режисерката Милиана Ленак.

Филмот е чешко-македонска копродукција, а како продуценти се јавуваат филмската академија ФАМУ од Прага и Квазар Филм од Скопје.

Филмот се осврнува на проблемот на постпородилната депресија, преку призмата на една жена која во последните мигови пред породувањето, се обидува да се ориентира во својот заплеткан љубовен живот.

„Благословена“ е сниман во Прага, на чешки јазик и во него настапуваат актерите Јана Козубкова, Јакуб Готвалд, Хонза Хајек, Даниела Залешкова и Даниела Ворачкова. Дел од актерската екипа ќе присуствува на премиерата и ќе учествува во отворената дискусија по проекцијата.

Камерата на филмот е на Ивон Теислерова, монтажата на Радован Петровиќ и Блаже Дулев, дизајнот на звукот е на Дарко Спасовски – Пацки и Горан Керкез, а музиката ја работеше Виктор Гајтановски. Во една од музичките нумери, која е обработка на песна од Драган Ѓаконовски Шпато, како вокал се јавува Тања Царовска. Дизајнот на постерот е на Марија Ветероска.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 382 пати.