Култура

Меморандум за соработка меѓу Филозофскиот факултет и музеи од Македонија и Босна

Филозофскиот факултет-Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Македонија, Музеј на Град Скопје и Земаљски музеј на Босна и Херцеговина од Сараево вчера потпишаа Меморандум за соработка.

четврток, 27 октомври 2016

Филозофскиот факултет-Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Македонија, Музеј на Град Скопје и Земаљски музеј на Босна и Херцеговина од Сараево вчера потпишаа Меморандум за соработка.

Потписници се деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински и директорите на четирите музеи: Весела Честоева, Мирјана Нинчовска, Томислав Микулчиќ и Марица Филиповиќ.

- Меморандумот е потпишан за да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу наведените институции, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и полза за сите страни од областа на археологијата, историја на уметности за научно-истражувачка дејност, изложбени активности, издаваштвото, набавка на публикации, соработка при организација на настани и практична настава за студентите на Филозофскиот факултет, соопшти Филозофскиот факултет каде што денеска е потпишан меморандумот.

Иницијатор за потпишување на меморандумот е вршителот на должност во Амбасадата на РМ во Сараево Александар Крстевски и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија Лепа Бабиќ.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 338 пати.