Култура

МКЦ ја соопшти музичката програма на годинашниот филмски фестивал „Синедејс“

Од 10-ти до 19 ноември ќе се одржува Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (Cinedays) кој ќе има и музички дел со музички филмови (документарци), концерти, работилници и гости.

четврток, 27 октомври 2016

Од 10-ти до 19 ноември ќе се одржува Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (Cinedays) кој ќе има и музички дел со музички филмови (документарци), концерти, работилници и гости.

Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), кој го организира фестивалот, денеска на прес-конференција најави богата музичка програма (Cinemusic) во десетте фестивалски дена, која ќе почне на првиот ден (10 ноември) - со биографскиот филм „Miles Ahead“ за џез-музичарот Мајлс Дејвис во режија на Дон Чидл. Вечерта ќе продолжи во МКЦ со музика на Мајлс Дејвис на која диџеј ќе биде Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез-фестивал.

Меѓу настаните во наредните денови од музичкиот дел на фестивалот се и проекциите на документарците „The Beatles: Eight Days A Week“ на режисерот Рон Хауард и „Gimme Danger“ на Џим Џармуш, „Congo Beat The Drum“ (африканска вечер), премиера на „Лимуново дрво“ - документарец на Бранко Радаковиќ за првиот бенд на Милан Младеновиќ од „ЕКВ“, „Industrial Soundtrack For The Urban decay“, филм за Дејвид Брн кој ќе го отвори Tribeca Film Festival.

По филмските проекции ќе има и музички вечери во МКЦ, кино „Фросина“. Филмската програма на „Синедејс“ ќе биде соопштена идната среда.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 335 пати.