Култура

Драмски театар во Белград ја заврши регионалната турнеја

Со гостувањето во Белград Драмски театар-Скопје завчера ја заврши минитурнејата со претставата „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски, која ја изведе и во Сараево и во Загреб на 13-ти и на 15 октомври.

среда, 19 октомври 2016

- Белград беше последната дестинација по која нашите актери се враќаат дома полни со одлични впечатоци од ова гостување. На сцената на Београдско драмско позориште тие третпат во само пет дена го потврдија своето високо ниво и стандарден квалитет. Повторно докажаа дека се вистински амбасадори на македонската култура.

Триминутниот аплауз на публиката во Белград е потврда за одличната изведба, која ја одушеви публиката што дојде да ја проследи претставата. Како шлаг на тортата беше одликувањето кое Драмскиот театар го доби од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, за кое актерите дознаа на неколку часа пред настапот во Белград, соопшти Драмски театар.

Во претставата играа Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Биљана Беличанец, Дејан Лилиќ, Филип Трајковиќ, Крсте Јовановски, Драгана Левенска, Зоран Љутков, Гордана Ендровска, Жарко Димоски, Димитрија Доксевски и Александар Степанулески.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 366 пати.