Култура

Боб Дилан добитник на Нобеловата награда за литература

Американскиот пејач, текстописец и рок легенда Боб Дилан (75) е добитник на годинешнава Нобелова награда за литература, соопшти Нобеловиот комитет во Стокхолм.

четврток, 13 октомври 2016

Американскиот пејач, текстописец и рок легенда Боб Дилан (75) е добитник на годинешнава Нобелова награда за литература, соопшти Нобеловиот комитет во Стокхолм.

Во образложението за наградата се вели дека таа му се доделува за „создавањето нови поетски изразувања во рамките на големата американака поетска традиција“.

Новиот нобелов лауреат е роден во 1941 година како Роберт Ален Цимерман.

Со музиката и со пишувањето песни и текстови почнал уште во 1959 година, настапувајќи по кафулињата низ американската сојузна држава Минесота.

Неговите најзначајни поетско-музички остварувања се од шеесетите години на 20 век, кога тој беше промовиран во неформален „хроничар“ на тогашните американки состојби и проблемите со кои се соочуваше земјата.

Некои од неговите најпознати дела станаа светски хитови, но беа прогласени и како химни на антивоеното и антирасистичкото движење во САД и на движењето за граѓански права.

Боб Дилан во своето создавање на музиата и на текстовите за нив се има одделено од традиционалните фолк текстови.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 364 пати.