Култура

Активности на Македонскиот сојуз во Шведска

Во рамките на редовните активности во Македонскиот сојуз во Шведска се одржа фестивал на македонската поезија „Денови на македонската поезија“ што го организира Македонското поетско друштво „Дениција“ на крајот на септември и на почетокот на октомври годинава. Првиот дел од фестивалот се одржа во Гетеборг на 24.9.2016 година.

четврток, 13 октомври 2016

Во рамките на редовните активности во Македонскиот сојуз во Шведска се одржа фестивал на македонската поезија „Денови на македонската поезија“ што го организира Македонското поетско друштво „Дениција“ на крајот на септември и на почетокот на октомври годинава. Првиот дел од фестивалот се одржа во Гетеборг на 24.9.2016 година. Вториот дел се одржа во октомври во рамките на Месецот на македонската култура што се реализира во Амбасадата на РМ во Стокхолм, а го поддржа и Министерството за култура на Република Македонија. Во состав на активностите на Амбасадата на РМ во Стокхолм на 9 октомври свое обраќање имаше и Н.Е. Александра Наќева-Ружин, амбасадор на Р. Македонија во Кралството Шведска. На овој настан присуствуваа поети членови на друштвото „Дениција“ и други гости поети, како и членови на КУД „Даме Груев“ од Стокхолм, со што се создаде атмосфера на зближување на македонската дијаспора и се истакна потребата изданијата од македонската литература да се преведат на шведски јазик, особено делата на членовите од поетското друштво „Дениција“. Се истакнаа и плановите за поетскиот фестивал што ќе се одржи следната година со нови поетски творби и нови изданија што ќе се претстават традиционално во Месецот на македонската култура во Стокхолм.

 

Пишува: Лилјана Стоилковска Андовска
 

Содржината е прочитана 474 пати.