Култура

Проектна активност „Ситуации 2016“ во кино Култура

Истражување на начините да се биде заедно, да се формира заедница, користење на танцот, движењето, имагинацијата и споделување спомени, приказни, емоции за да разбереме нешто повеќе за нашето општество, заедницата и самите нас, вклучува проектната активност „Ситуации 2016“ која се реализира во киното Култура.

понеделник, 10 октомври 2016

Истражување на начините да се биде заедно, да се формира заедница, користење на танцот, движењето, имагинацијата и споделување спомени, приказни, емоции за да разбереме нешто повеќе за нашето општество, заедницата и самите нас, вклучува проектната активност „Ситуации 2016“ која се реализира во киното Култура.

„Ситуации“ е формат развиен и замислен од страна на Гизела Милер, член на одборот на директори во Tanzfabrik, Берлин, Драгана Алфиревиќ, координатор на НОМАД Танц Академија Словенија и Биљана Тануровска Ќулавковски, директор на Локомотива, Скопје, со цел да помогне во развојот на нови формати за разбирање на танцот и улогата на кореографија денес.

Од Локомотива Скопје наведуваат дека „Ситуации“ истражува како танцот може да биде инклузивен, да поканува и повикува на учество, без компромитирање на неговиот филозофски и естетски потенцијал, и да биде помалку дел од практиката на изведување/играње - гледање.

Програмата на „Ситуации“ во Скопје се реализира во соработка со Култрениг програмата за современ танц и движење развиена и водена од Сабрина Железник, Климент Попоски и Елена Ристеска, како дел од програмата на кино Култура - Заедно – наменета за развој на заедницата.

- Ситуации во Скопје има отворен формат - формат на покана, во кој се канат на учество сите заинтересирани од различни возрасти и со различни искуства, да погледнат назад, да ја доживеат сегашноста и да размислуваат за иднината заедно, со користење алатки и идеи од современиот танц и кореографија. Реализацијата на „Ситуации“ во Скопје е поддржана од програмата за култура на ЕУ, Кооператива – регионална платформа за култура и Eastern European Performing Arts Platform, соопштија од Локомотива Скопје.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 374 пати.