Култура

„Панфиз 2016“ од 9 до 11 октомври

Шест претстави се на програмата на деветтиот Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“, кој од 9 до 11 октомври ќе се одржува на малите сцени на Македонскиот народен театар и на Македонската опера и балет.

четврток, 06 октомври 2016

Шест претстави се на програмата на деветтиот Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“, кој од 9 до 11 октомври ќе се одржува на малите сцени на Македонскиот народен театар и на Македонската опера и балет.

Уметничкиот директор и селектор на „Панфиз“ Трајче Георгиев на денешната прес-конференција рече дека годинава на фестивалот имало над 50-тина апликации и додаде оти направиле шарена продукција.

Отворањето на фестивалот е на 9 октомври во 20 часот во МНТ, со претставата „Легенда за фауната и патувањето“ на Маи Рохас од Барселона, Шпанија. Претставата, како што рече Георгиев, содржи пантомима, физички театар, видео продукција и ефекти. Во 21.30 часот ќе настапат гостите од Врање со „Замислен свет“.

На 10 октомври во 20 часот во МНТ гостува Националната академија за филм, телевизија и театар „Крсто Сарафов“ од Софија. Класата на професорот Александар Илиев ќе ја изведе претставата „MATER NATURA“ („Мајка природа“), а од 21.30 часот ќе настапи Александар Илиев со „Пјеро“.

За третиот ден од фестивалот во МОБ, на малата сцена ќе биде изведена претставата „Живот на висока нога“ на Центарот за развој на циркуската уметност „Лудифико“ од Нови Сад, а по нив ќе настапи младиот уметник од Панчево, Марко Нектан со „Чекорот на сафирот“.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 404 пати.